Во пресрет на првите „100 дена новата Влада“, досега, официјално се најавени четири големи инвестиции во вкупна вредност од 620 милиони евра и со опфат на 1.600 вработувања.
Заклучно со јули годинава вредноста на странските директни инвестиции изнесува 590 милиони евра или 4% од БДП. Според податоците, годинава има раст на странските инвестиции, но јавните засега се на „инфузија“, пишува Порталб.мк.
Само два дена по изборот на новата Влада на 23 јуни, новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ја промовираше првата инвестиција, во енергетиката. Уште од позиција на мандатар тој најави „инвестициски бум“. Еден од главните најавени приоритети на Владата беа токму странските и јавните инвестиции.
Во најава се амбициозни странски директни инвестиции со стотици вработувања.
Прва најавена инвестиција во енергетика е на инвестицискиот фонд „Алказар енерџи“. Вредноста е 500 милиони долари. Ќе се градата 55 ветерници кои треба да обезбедат 20% од потребните за струјата на домаќинствата. Инвестицијата треба да отвори 630 работни места. Изградбата на ветерниот парк треба да започне во втората половина на 2025 а завршен во 2027 година.
Од Вашингтон беше најавена инвестиција на американската компанијата „Вабтек“. Ќе се произведуваат сопирачки за шински возила. Вредноста на инвестицијата е 35 милиони евра со повеќе од 100 планирани вработувања.
На почетокот на јули објавена е изградба на фабрика за пластика зад која стои германско – белгиската компанија „Епсотех Аим“. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра а треба да се отворат 110 работни места. Фабриката се очекува да почне со производство за една година.
На почетокот на овој месец се удри камен-темелник на нова фабрика за производство на литиум јонски батерии на„BMZ Group”. Вредноста на инвестицијата изнесува 65 милиони евра со предвидени 755 вработувања.
Во најава е проширување на производното портфолио на веќе постоечки инвестиции од автомобилската индустрија во земјава и нова инвестиција од 150 милиони евра за која сè уште се преговара.
Додека власта тврди дека веќе прави терен за инвестициски бум, опозициската СДСМ им порача дека се „китат со туѓи перја“.
Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со јули годинава салдото на странските директни инвестиции изнесувало 590 милиони евра или 4% од БДП. Бруто-инвестициите, пак, изнесувале 25,8% од БДП.