Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите денеска
пред јавноста даваше отчет
Како што порача, целта на Владата е до 2026 увозот на
„Нешто што
претставува историска цел, имајќи предвид дека сме увозно зависна држава“,
порача Мицкоски.
Мицкоски додаде и
дека од 01.01.2026 година почнува примена на механизам според кој сите компании
кои што извезуваат во рамки на ЕУ мора да покажат дека производите им се
произведени со користење на зелена обновлива енергија.
Тој ја
потенцираше и новата германско-белгиска инвестиција за која претходната Влада
истакна дека тие ја подготвувале.
„Би ги
потенцирал германско-белгиската инвестиција, Епсотек, која што инвестира во
развојно-истражувачки центар, алерт центар во индустриската зона на територија
на Петровец. Вредноста е околу 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Се
сеќавате тогаш кога ја објавивме оваа инвестиција, поранешни членови на
претходната влада на СДСМ и ДУИ рекоа дека тие ја подготвувале таа инвестиција.
Еве да не останеме должни, јас ја користам оваа прилика да им се заблагодарам
на сите оние кои што учествувале во подготовката на овие инвестиции. Жалам што
7 години не успеале да ја завршат таа инвестиција и се радувам што во рок од
еден месец ние успеавме да ги завршиме тие преговори и оваа инвестиција наскоро
денеска ќе биде реализирана, односно ќе биде поставен камен темелник“, вели
Мицкоски.