Покрај омилените летувалишта на Халкидики, каде обилниот дожд и ветровите накратко им го расипаа одморот на многу туристи, невремето ја погоди и Атина.
Како што може да се види на видеата споделени на социјалните мрежи, по улиците тече голема количина вода, додека поројот однесе столчиња во некои кафулиња.
Според грчките медиуми, силни грмежи, молњи, град и налети на ветер и денеска ќе зафатат делови од Грција.