Хрватската ракометна федерација <a href="https://kurir.mk/sport/rakomet/znameto-so-sonceto-od-kutlesh-zabraneto-vo-hrvatska-vazhna-informacija-za-makedonskite-navivachi/">го објави</a> кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.
Нивното известување вели: „За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.
1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)
2. Забрането:
-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.
-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.
3. <u class="cdx-underline">Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.</u>
Објавено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.
Листата на предмети забранети за внесување во салите за време на натпреварите може да ја најдете <a href="https://hrs.hr/2025/01/14/aktivnosti-hrs-a-djeca-do-7-godina-besplatno-prodaja-karata-na-blagajnama-upute-i-pravila-za-gledatelje/" target="_blank">ТУКА</a>.
Деталите за внесувањето на знамињата може да ги прочитате<span> </span><a href="https://hrs.hr/2025/01/14/aktivnosti-hrs-a-upute-i-pravila-za-unos-zastava-u-dvorane-tijekom-sp-a/" target="_blank">ТУКА</a>.