Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рабио се договори со Олимпик Марсеј

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио ќе се врати во татковината и ќе игра за Олимпик Марсеј, тоа го соопшти клубот од „Велодром“ на социјалните мрежи. Клубот постигнал договор со играчот и во наредните денови ќе биде комплетирана зделката.
Рабио, кој претходно беше играч на Пари Сен Жермен, а потоа играше за Јувентус, доаѓа на „Велодром“ како слободен играч откако летово му истече договорот со „Старата дама“.
Марсеј имаше одличен трансферен преоден рок, а на кормилото го донесе Роберто Де Зерби, па со Рабио ќе има уште појак тим. Во моментов Марсеј е втор на табелата во Лига 1 со три победи и едно реми во четирите меча.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ