Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рабио е пред договор со Олимпик Марсеј

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Раководството на Олимпик Марсеј е во „напредни преговори“ со Адриен Рабио, објави агенцијата АФП. Францускиот репрезентативец е слободен играч откако летово му истече договорот со претходниот клуб и не потпиша нов. Ситуацијата во францускиот клупски фудбал му е позната, бидејќи беше играч на хегемонот Пари Сен Жермен до 2019 година, по што замина во редовите на „Старата дама“.

До неодамна кружеа информации дека искусниот играч може да стане уште еден конкурент со егзотичен трансфер на Блискиот Исток, но до таков трансфер не дојде.

„Преговорите се за договор на две години. Сè уште не се завршени, но се многу напреднати. Би можеле да завршат во следните 48 часа“, објавија извори блиски во преговорите.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ