Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Нова “бомба“ на Босфорот: По Костиќ, Мурињо тргнува по некогашен репрезентативец на Англија!

9 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Фенербахче/Твитер

Откако и официјално Фенербахче се пофали со ангажманот на Филип Костиќ, попладнево нова “бомба“ од Истанбул. Имено Жозе Мурињо и раководството на Фенер и официјално тргнуваат по некогашниот англиски репрезентативец Киран Трипие. Според медиумите во Турција, турците веќе стапиле во контакт со офанзивниот бек, а и тој побарал од раководството на Њукасл трансфер на Босфорот.

Преодниот рок во Суперлигата на Турција трае до 12 овој месец, па има и тоа како шанси и овој трансфер да се реализира.

Инаку Мурињо досега како засилување ги доби Софијан Амрабат, Чаглар Сојунџу, Јусеф Ен-Несири, Алан Сан-Максимин и Филип Костиќ.

Да потсетиме дека Фенер на титула чека десет години, последната ја освои во 2014 година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ