Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ни Германците не се тоа што беа: Теренот на „Алијанц Арена“ во Минхен бил во очајна состојба!

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веќе од следната стартува новата сезона со нов формат во Лигата на Шампионите. Во вторник во Минхен се игра средбата од 1.коло меѓу Динамо Загреб, но тимот на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, барем според пишувањето на медиумите во Хрватска си има проблем. А тоа е дека нема да може да го одржи последниот тренинг пред мечот на теренот каде што тој и ќе се одигра. Имено раководството на Баерн ги известило “модрите“ од Загреб дека теренот е во лоша состојба и тој вообичаен тренинг пред мечот нема шанси да се одржи на теренот на „Алијанц Арената“.

Со други зборови теренот е во очајна состојба и ве молиме тренирајте на друго место, што се вели.

Па така Динамо Загреб го смени планот. Тренингот ќе го одработи дома, во понеделник наутро, а потоа ќе се патува во Минхен.

Ете, ни Германците не се тоа што беа.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ