Свеченото отворање на Олимписките игри привлече големо внимание кај луѓето ширум светот, па спектаклот на реката Сена го следеа дури неколку милијарди луѓе ширум светот.
Дождот малку им ги расипа плановите на организаторите, но настанот главно помина без проблеми. Чамците со спортисти беа голема новост, но целиот настан не можеше да помине без гафови.
Така, во еден момент олимпиското знаме беше подигнато на спротивната страна од онаа на која навистина треба да биде, но организаторите набрзо тоа го забележаа. „Трокадеро“ беше местото на овој момент што предизвика лавина реакции.
Олимписките игри започнаа во средата, но со официјалното отворање го означи и почетокот на натпреварувањето во сите спортови.