Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Фонсека, конечно, и се израдува на првата победа на Милан (ВИДЕО)

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Милан ја забележа првата победа сезонава дури во четвртото коло од Серија А, откако вечерва пред своите навивачи славеше над Венеција со 4:0.

Ова беше и прва победа на Пауло Фонсека на клупата на Милан. Репрезентативната пауза го израдува вицешампионот на Италија, кој веќе во втората минута со голот на Тео Ернандез поведе со 1:0. Веќе во 16. минута беше 2:0 со голот на Фофана.

Во 25. минута на стрелците им се приклучи и Пулишиќ кој реализираше пенал, а само четири минути подоцна, уште еден пенал реализираше Тами Абрахам, кој го постигна својот прв гол во „црвено-црниот“ дрес.

Во вториот дел гостите погодија, но голот беше поништен од ВАР.

СИТЕ ГОЛОВИ НА ОВОЈ ЛИНК


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ