Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Лапорта: Му благодарам на Реал како реагираше во случајот за Дани Олмо

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веќе стана легендарна ситуацијата на Дани Олмо и Пау Виктор играчите на Барселона, за кои што клубот има проблем да ги регистрира на правилниот начин, за тие двајца да можат без проблем да настапуваат за тимот.

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, денеска имаше прес конференција на која што се обрати на повеќе теми. Ја опфати и оваа на Олмо и Виктор, но даде за истата изненадувачки тон.

Јавно му се заблагодари на лутиот ривал Реал Мадрид за начинот на кој што реагира на темата за разлика од на пример Севиља, Атлетико Мадрид и ред други клубови кои што јавно осудија било каква регистрација на ирачите.

„Нема да откривам приватни разговори, но ќе кажам дека сум им благодарен на клубовите кои не се свртеа против нас“, сподели Лапорта па продолжи.

„Можеби сме ривали на теренот, но имаме мислење за ова прашање, не сум задоволен од оние кои излегоа со обвинувања против нас. Оние кои очигледно немаа правен советник кој ги знае законите“, додаде претседателот на Барселона.

„Разговарав со Флорентино, нема да откривам детали, но дефинитивно разговаравме за организацијата на Суперкупот и за подобрувањата што може да се направат“, изјави Лапорта.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ