И покрај победата во последното градско дерби против Манчестер Сити, работите во Манчестер Јунајтед не се воопшто добри. По денешниот „резил“ и пораз од Борнмут со 0:3 на Олд Трафорд се случи и нов проблем на легендарниот стадион, овојпат во салата за прес-конференции.
Додека тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ги одговараше новинарските прашања од кровот на конференциската сала започна да тече вода. Поради силниот дожд кој поладнево се случи во Манчестер, инфраструктурата на стадионот пропушти вода и таа капеше на новинарите кои седеа во првите редови.
Leaks of water pouring down while Ruben Amorim does his press conference.#MUFC 😳
pic.twitter.com/7GwOyyHK2U— Michael (@Michael52973403) December 22, 2024