Реал Мадрид ја победи Севиља со 4:2 во 18. коло од Ла Лига, а Карло Анчелоти истакна дека тимот конечно е на место.
“Го поправивме она што ни недостигаше: малку став, колективна посветеност и малку повеќе трчање. Се вративме на доброто работење. Двата месеци по поразот од Милан беа многу тешки за тимот бидејќи имавме тешки натпревари”, анализира Анчелоти.
Килијан Мбапе постигна гол и асистираше.
“Вчера реков дека периодот на адаптација на Мбапе заврши… а денес тој покажа дека и јас понекогаш сум во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа сиот свој квалитет”, истакна Анчелоти и додаде:
“Клубот никогаш не ми покажа грижа бидејќи секогаш покажуваа наклонетост и доверба. Тоа е она што му треба на тренерот кога минува низ тешки времиња. Верував во она што ми го кажаа по гласините за клупата и ме уверија дека морам да работам за да се извлече од ситуацијата“, изјави тренерот на Мадрид.
Реал е втор на табелата со бод помалку од првопласираниот Атлетико Мадрид, а два бода повеќе од Барселона која е трета.