Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп нема да игра симболична улога во новата функција како директор за фудбал во Ред Бул, туку ќе се обиде да додаде вредност на организацијата, изјави тој на првата прес-конференција во неговата нова функција.
Клоп, кој минатата сезона стави крај на успешниот деветгодишен период во Ливерпул, па беше назначен на новата функција минатата година.
„Тоа е речиси она што сакав да го направам. Завршив пред седум месеци во Ливерпул. Намерно го направив тоа. Не сакам да бидам само патник или славна личност во собата. Навистина сакам да му донесам одредена вредност на овој проект“, вели Германецот.
Клоп нема да биде вклучен во оперативната работа, туку ќе делува како советник на клубовите во сопственост на Ред Бул во Германија, САД, Бразил, Јапонија и Австрија, истовремено поддржувајќи ја глобалната скаутинг единица на организацијата.