Некогашниот холандски репрезентативец, а сега успешен тренер, Патрик Клајверт е нов селектор на репрезентацијата на Индонезија. Оваа егзотична фудбалска држава, планира да се пласира на следниот Мундијал, во 2026 година, па затоа го ангажираше големото фудбалско име.
Во моментов Индонезија е на сред квалификациска кампања. Во рамките од групата Ц во азиските квалификации е на третата позиција со шест бодови. Пред неа е Австралија со бод повеќе, а со ист број на поени е со С.Арабија, Кина и Бахреин. Битката е за втората позиција која што директно води на Мундијалот.
Клајверт досега беше селектор на Куракао, и тренер на Аданаспор.