Јувентус оствари победа во натпреварот против екипата на Монца со 1:2 во 17-тото коло од италијанската Серија А. Фудбалерите предводени од Тиаго Мота ја продолжија серијата без пораз во италијанската лига.
Резултатот го отвори Вестон МекКени со гол во 14-тата минута. Во 22-та минута Бириндели донесе изедначување за домашниот тим, но во 39-тата минута Николас Гонзалес го постигна победничкиот гол за „старата дама“.
Јувентус во моментов се наоѓа на 6-тата позиција на табелата со 31 бод, а Монца е убедливо последна на табелата со само 10 освоени бода.