Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Букмејкерите излегоа со прогнози: Кои се фаворитите за освојување на ЛШ?

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Новата сезона во фудбалската Лига на шампиони на УЕФА стартува утре. Новото издание на најквалитетното натпреварување во Европа ќе биде единствено поради новиот формат, кој сè уште малку изгледа конфузно. Сепак, ова гарантира и дека ќе има многу интересна битка, додека сите калкулираат колку бодови се доволни за влез во главната фаза.

Букмејкерите веќе излегоа со своите прогнози, објавувајќи ги квотите кои ги нудат за обложување на новиот европски првак. Според најголемите светски букмејкерски компании и оваа година број 1 фаворит за европскиот трон е Манчестер Сити за кого има коефициент 3,7. Експертите веруваат дека веројатно во последната сезона на Гвардиола тимот повторно ќе ја освои Лигата на шампионите. Вториот фаворит, секако, е Реал. Карло Анчелоти освои пехари и со многу послаб тим, а сега го има Мбапе кој е гаранција за коефициент 4.

Третиот фаворит за освојување на ЛШ е Арсенал. За „топчиите“ обложувалниците нудат коефициент 9 за освојување на ЛШ. По него е Ливерпул кој има исти шанси со Баерн – 12.

Барселона со Ханси-Флик доби коефициент 15 за освојување на ЛШ, а по неа се Интер и ПСЖ.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ