Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Билбао победи, три асистенции на Инаки Вилијамс, ама ќе се раскажува голот на Сандро Рамирез од Лас Палмас!

15 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во еден интересен меч исполнет со пет голови, фаворитот, тимот на Атлетик Билбао со 2:3 успеа да победи на гости кај Лас Палмас. Треба да се каже дека победникот речиси цело второ полувреме играше со играч помалку по исклучувањето на Јаурегизар.

Инаку главен на овој меч беше Инаку Вилијамс со три асистнции, тој беше креаторот на трите гола за својот тим а стрелаа Сансет, потоа неговиот брат Нико Вилијамс и Паредез. Од друга страна домашниот фудбалер Сандро Рамирез постигна страшен гол, а вториот беше дело на Муњоз во 83.минута за конечни 2:3.

Сепак кога се ќе земе в предвид, Билбао заслужено ги освои трите бода.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ