Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Не е само Артета, и Пеп има проблеми пред дербито

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа одиграа натпревар без голови против Интер на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Интензивниот меч со себе понесе и една „жртва“ во форма на Кевин де Бруjне, кој поради повреда мораше да ја напушти играта меѓу двете полувремиња.

Доживеа удар на крајот од првото полувреме, во моментов не се знае каква е повредата бидејќи Пеп Гвардиола синоќа откри дека се уште не разговарал со лекарите, но денеска во текот на денот треба да ги знае деталите за неговата здравствена состојба.

Потенцијалната повреда на Кевин де Брујне доаѓа во лош момент кога Манчестер Сити во недела ќе се соочи со Арсенал, кој исто така се мачи со својот капитен. Мартин Одегард ќе биде надвор од теренот до понатамошно известување поради повреда на коленото.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ