Германскиот првак Баер (Л) минимално со 1:0 славеше на домашен терен против Мајнц во денешниот дуел од 17. коло на Бундеслигата и успеа да се задржи на втората позиција на табелата, се уште со шанси да се впушти во битка за одбрана на титулата. Моментот на одлука вечерва во Леверкузен беше 48. минута, кога Гримално најде начин да ја погоди гостинската мрежа и да донесе предност од 1:0 за победа на домашните.
Одличен настап имаше и третопласираниот тим на табелата, Ајнтрахт (Ф), кој пред своја публика со 4:1 беше подобар од Фрајбург. Најубедливиот триумф вечерва го оствари екипата на Волфсбург, која на домашен терен со 5:1 ја совлада Борусија (М).
Во првиот денешен одигран меч, Холштајн Кил со 4:2 ја совлада Борусија (Д).