Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ако заврши ерата на Гвардиола, Сити има план од 350 милиони евра

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Манчестер Сити се подготвува со посебен план за времињата по евентуалното заминување на клупскиот менаџер Пеп Гвардиола, објави во вторник весникот „Мирор“.

Шпанскиот стручњак има договор со англискиот шампион до следното лето и се уште не е јасно кој ќе го води тимот од сезоната 2025-2026. Раководството подготви повеќе од 350 милиони евра за нови засилувања во случај на разделба со 53-годишниот Гвардиола.

Доколку поранешниот играч и тренер на Барселона остане на стадионот „Етихад“ и по 2025 година, средствата наменети за селекција ќе бидат значително помали, бидејќи тимот на Сити во моментов е широк и добро заокружен и има најмалку двајца играчи на секоја позиција.

За осум сезони под водство на Пеп Гвардиола, тимот на Манчестер Сити освои вкупно 18 пехари, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампионите.

„Вистината е дека сум поблиску до заминување“, изјави неколку пати поранешниот репрезентативец на Шпанија. Иднината на Гвардиола се очекува да биде позната не порано од крајот на актуелната кампања.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ