Новоизбраниот
американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се
очекува да имаат телефонски разговор во наредните денови или недели.
Советникот на
Трамп за национална безбедност, Мајкл Валц, во неделата за телевизијата ABC
изјави дека е нереално да се очекува руски војници да бидат протерани од секоја
педа украинска територија, додавајќи дека сите знаат дека војната во Украина
мора да се заврши дипломатски.
Тој посочи дека
Трамп го разбира ова, а и остатокот од светот мора да го разбере, пренесе
Ројтерс.
Трамп, кој
официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, во
неколку наврати изјави дека ќе стави крај на војната во Украина.
Трамп најави
средба со неговиот руски колега Владимир Путин за време на обраќањето во
неговата резиденција на Флорида. Како што вели, подготовките се во тек.
Трамп изјави дека
рускиот претседател изразил желба за средба.
„Путин сака да се
сретнеме и да работиме на тоа да го организираме“, им рекол Трамп на новинарите
во неговата резиденција на Флорида.
Тој го
коментираше и украинскиот конфликт.
„Мора да ставиме
крај на војната во Украина“, нагласил идниот претседател.
Портпаролот на
Кремљ, Дмитриј Песков,  изјави дека
доколку Трамп остане заинтересиран за контакти со руската страна, рускиот лидер
Владимир Путин само ќе го поздрави тоа.