Франција мора да остане непоколеблива бидејќи се соочува со
„новото глобално нарушување“ кое го отелотворува Маск, рече премиерот Франсоа
Бајру, додавајќи дека Франција мора директно да се соочи со глобалните сили,
алудирајќи на враќањето на Доналд Трамп на политичката сцена, пишува Гардијан. <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Во својот прв политички говор пред францускиот парламент,
Бајру рече дека има нов светски поредок или, подобро кажано, нов светски неред
кој го загрозува секој баланс и одбранбено правило. Потоа особено го истакна
примерот на Илон Маск.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Сите очекуваат Маск, сојузник на новоизбраниот американски
претседател Доналд Трамп, да има значително влијание во Вашингтон во следните
четири години. <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Бајру ги спомна, како што ги нарече, заканите на Трамп за
анексија на суверени територии, Гренланд, Панамскиот канал, па дури и Канада. <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Тој истакна дека Франција мора директно да се соочи со овие
глобални сили и да им покаже кои се тие. Франција мора да биде способна да ја
покаже својата решителност, рече тој.