Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Трамп и Харис во мртва трка во клучните држави, покажа најновата анкета

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Резултатите од анкетата спроведена од Њујорк Тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите во сојузните држави Мичиген и Висконсин.

Како што пренесува Ројтерс, државите Мичиген и Висконсин се сметаат за клучни за исходот на претседателските избори. Според резултатите од ова истражување, Харис има 48 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи во Мичиген, додека Трамп има 47 отсто во таа држава. Харис има нешто поголема поддршка од гласачите во Висконсин, 49 отсто наспроти 47 отсто на републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД.

Анкетите покажуваат дека Трамп покажал сила во сферата на економските прашања кои се сметаат за најважни за гласачите, пред прашањата поврзани со репродуктивните права. Анкетите покажале дека предноста што ја имала Харис на почетокот на август е малку намалена со инсистирањето на Трамп на економски прашања, што може да биде загрижувачки развој на настаните за актуелната потпретседателка на САД пред изборите во ноември, со оглед на тоа што економијата е најмногу важно прашање што ги придвижува гласачите, според Блумберг. Анкетите биле спроведени по телефон помеѓу 21 и 26 септември меѓу 688 веројатни гласачи во Мичиген и 680 во Висконсин.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ