Најмладиот член на семејството, бебе кое нема ни две години, е во стабилна состојба...
Трагедијата се случила вчера околу 8 часот наутро кога во кујната на бабата која, како што се верува, живеела на вториот кат од куќата, експлодирала плинска боца. Од силината на експлозијата се урнал целиот кат, а потоа се урнал и долниот дел од куќата во која живеел синот на бабата со сопругата и трите деца.
Повеќе од 60 спасувачи пристигнале на местото на настанот во рекордно време. Тие прво ги извлекле таткото и бебето од урнатините, и итно ги однеле во болница. Околу еден час подоцна во урнатините го пронашле телото на девојчето (4), а набрзо и телото на нејзиниот две години постар брат.
Спасувачите со раце ги растурале урнатините и копале шут. Попладнето го пронашле безживотното тело на мајката, а на крајот и бабата, објави Виљифуоко.
Лекарите велат дека таткото се здобил со тешки изгореници на 35 отсто од телото, неколку скршеници на ребрата, повреди на белите дробови и други тешки повреди и дека е во критична состојба.
Неговиот најмлад син се здобил со повреди на внатрешните органи и моментално е во стабилна состојба, но лекарите не сакаат да даваат прогнози, бидејќи наведуваат дека детето се здобило со многу тешки повреди.
Истрагата треба да утврди како точно дошло до експлозијата.