„Нашата земја гласаше за промени и политиката може да биде добра сила, што и ќе покажеме. На прво место е земјата, а на второ партијата“, рече новоименуваниот премиер во обраќањето до јавноста од Даунинг стрит, каде што е седиштето на британската Влада, пренесува Би-Би-Си.
Тој истакна дека е дојдено време за промени во земјата, но дека тоа не може да се случи преку ноќ. /МИА