Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Син на милијардер со јахта прегазил рибарски чамец и убил човек- истрагата открива детали

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Денис Виехоф (35), син на милијардер од Германија, е осомничен за смртта на едно лице кога со својата јахта „прегазил“ рибарски брод на Мајорка, а во текот на истрагата било утврдено што се случило на чамецот пред незгодата и откриена е поголема количина на алкохол.

Германската јахта Ла Луна, наводно, прегазила мал рибарски брод без да успори, а капетанот по несреќата се однесувал како „ништо да не се случило“ и наводно побегнал од местото.

Шпанскиот медиум Газета Наутика објави дека успеал да добие ексклузивен, целосен увид во истрагата каде покрај деталите поврзани со несреќата, објавено е и што се случувало на јахтата пред и по трагичниот настан.

Исто така, извештаите наведуваат дека на јахтата имало големо количество алкохол, што укажува на тоа дека Денис и неговите пријатели правеле забава.

Полицискиот извештај започнува со изјавата на вујкото на жртвата, кој вели дека околу 19 часот испловил со своите двајца братучеди, од кои едниот Гиљермо загинал додека ловел лигњи. Околу 21 часот се упатиле кон пристаништето Кала Бона кога забележале дека јахтата им се приближува со голема брзина.

Сведоците ја процениле брзината на околу 20 јазли или 37 километри на час.

Како што рекол вујкото, тие се обиделе да побегнат од јахтата, но не успеале. Во следниот момент јахтата со полна брзина удрила во рибарскиот брод и му го скинала моторот. Младиот Гиљермо при ударот се здобил со фатални повреди на главата и паднал во морето.

Според очевидци, јахтата Ла Луна била забележана три часа пред несреќата во заливот Кала Агула. Очевидци велат дека пријателите на Денис возеле чамец од јахтата и наводно удриле во гумен чамец полн со деца.

Според полицијата, таткото на едното дете, кој бил во гумениот чамец, веднаш се пожалил директно кај капетанот на Ла Луна, односно синот на милијардерот. Подоцна изјавил дека имал впечаток дека Денис бил во алкохолизирана состојба.

Во извештајот се наведува и дека капетанот Денис и неговите пријатели биле придружувани од жена која им кажала на инспекторите дека испиле многу шампањ и џин тој ден. Таа наводно изјавила дека и капитенот пиел, но „не многу“, пренесува Билд.

При првото влегување во јахтата, ден по несреќата, полицајците во крмата пронашле големи количества алкохолни пијалоци.

Вечерта по трагичниот настан Денис бил излезен со пријателите во клуб. Кога му кажале што се случило, тој изгледал изненаден што можел да го поткрепи тврдењето на неговиот адвокат дека не знаел дека прегазил рибарски брод.

Она што е изненадувачки е што Денис и еден од неговите пријатели влегле во јахтата, ден по несреќата, која веќе била запечатена со полициска лента. Според камерите за надзор, тие ги земале торбите и ја напуштиле јахтата доцна во ноќта.

Веднаш потоа тројцата Германци се упатиле до аеродромот Сон Бонет и со приватен авион заминале за Германија. Меѓутоа, три дена подоцна, синот на милијардерот се вратил во Мајорка за да биде испрашуван од полицијата. Со него дошол и адвокат, но Денис одбил да сведочи. Потоа се вратил во Германија.

Одделот за истраги за убиства во својот извештај утврди дека делумно виновни се капетаните на двата брода. Рибарскиот брод имал само мали светилки и не бил соодветно осветлен.

Сепак, според истражителите, несреќата можела да се избегне доколку јахтата одржувала соодветна брзина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ