Премиерот Педро Санчез рече дека мерката е неопходна поради итната состојба со домувањето во земјата.
„Западот се соочува со одлучувачки предизвик да не стане општество поделено на две класи, богати сопственици и сиромашни станари“, рече Санчез.
Жителите од земјите кои не се членки на ЕУ купиле 27.000 недвижнини во Шпанија во 2023 година, не за да живеат во нив, туку за да заработат пари од нив.
Санчез не даде детали за тоа како ќе функционира овој данок ниту временски рок за негово претставување во Парламентот за одобрување, пишува Гардијан.
Другите најавени мерки вклучуваат даночни олеснувања за тие кои даваат под наем станови кои обезбедуваат пристапно домување, трансфер на повеќе од 3.000 домови на нова државна управа за домување и построги регулативи и повисоки даноци за становите за туристи. /МИА