-Приоритет на Русија е постигнувањето на целите на специјалната операција, а не резултатите од изборите во САД, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека е потребно да се следи што ќе се случува понатаму за време на предизборната кампања во Соединетите Американски Држави.
- До изборите остануваат уште четири месеци, а тоа е многу време, за кое многу работи можат да се променат. Треба да внимаваме и да следиме што ќе се случува понатаму – изјави Песков за порталот „Лајф“.