Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Реформирај го ОК е втора партија по популарност во ВБ, по лабуристите

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Десничарската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“ на водечкиот активист за Брегзит Најџел Фараж е втората најпопуларна партија во Британија, зад владејачката Лабуристичка партија за само еден процентен поен, покажа истражувањето објавено во понеделникот.

Шест месеци по одлучувачката победа на Лабуристичката партија на општите избори, а следните регуларни избори се планирани дури во 2029 година, истражувањето на институтот ЈуГов (YouGov) покажува дека доколку такви избори се одржат утре, 26 отсто од британските гласачи би ги избрале лабуристите, 25 отсто би гласајте за „Реформирај го ОК“, додека конзервативците ќе добијат 22 отсто.

Истражувањето е прво на ЈуГов по изборите на 4 јули и покажува дека партијата „Реформирај го ОК“, која освои 14 отсто од гласовите минатото лето, привлекува поддршка од конзервативниот електорат, а исто така, иако во помала мера, од премиерот Кир Стармер.

„Реформирај го ОК“ има пет пратеници во британскиот Парламент со 650 места, но откако освои повеќе од четири милиони гласови на национално ниво, се смета за популистичка сила што го предизвикува британскиот политички систем, во кој историски доминираат конзервативците и лабуристите. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ