Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пожар избувна во канцеларијата на гувернерот во главниот град на Кенија за време на протестите

25 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пожар избувна попладнево во канцеларијата на гувернерот во главниот град на Кенија, Најроби, јавија локалните медиуми прикажувајќи ТВ инсерти, додека демонстрантите незадоволни поради предложените зголемувања на даноците го пробија блискиот парламентарен комплекс, кој исто така делумно е опожарен.

Инсерти емитувани на приватната Ситизен ТВ покажуваат дека полицијата се обидува да го изгасне пожарот во Градското собрание со водени топови, откако протестите станаа насилни.

Групите за човекови права ја обвинија полицијата дека користела боева муниција при што има загинати и ранети.

Голем прекин има кај провајдерите што нудат интернет во Кенија, соопшти глобалниот веб-монитор NetBlocks.

-Податоците од мрежата во живо покажуваат големо нарушување на интернет-поврзувањето во Кенија. Инцидентот се случува во време на смртоносна акција на полицијата врз демонстрантите, еден ден откако властите тврдеа дека нема да има исклучување на интернетот. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ