Мигрантите се обидувале да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, соопшти крајбрежната стража, пренесоа британските медиуми.
„Крајбрежната стража успеа да спаси 29 лица кои патувале на преполниот брод“, изјави неименуван службеник на крајбрежната стража.
Локална група за човекови права соопшти дека сите мигранти биле од Тунис, освен двајца Мароканци.
Тунис се соочува со невидена мигрантска криза и, место Либија, стана главната појдовна точка за сите оние кои сакаат да стигнат до Европа во потрага по подобар живот.