Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен, смета Нетанјаху

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Израел денеска се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.

„Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е“, рече Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа терористичка оска бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.

„Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ