Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Папата откажа обврски поради „благ грип“

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесе ДПА, тој исто така ќе го искористи времето за одмор пред претстојното патување во странство, во чии рамки в четврток ќе замине за Луксембург, а потоа во Белгија.

Папата Франциск во последните месеци мораше повеќе пати да откажува состаноци поради неговото здравје. Сепак, тој успешно го заврши 12-дневното патување во Азија и Пацификот во првата половина на септември.

Поради болки во коленото и проблеми со колкот, папата роден во Аргентина обично седи во инвалидска количка за време на јавните настапи.

Папата Франциск во декември ќе наполни 88 години. Тој е најстариот папа во повеќе од еден век./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ