Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Паника во Иран: Врховниот лидер Али Хамнеи е пренесен на безбедна локација

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Изворите рекоа дека Иран е во постојан контакт со либанскиот Хезболах и другите регионални милитантни организации кои соработуваат со Техеран за да го подготват следниот чекор, откако Израел соопшти дека вчера го убиле лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во напад во јужен Бејрут.

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека лидерот на либанската група Хезболах, Хасан Насралах е убиен во вчерашниот воздушен напад врз Бејрут.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека покрај Насрала, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ