Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел. Борел претходно оцени дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и не ја претставува Европската унија.
Орбан за време на посетата на Москва изјави дека иако биле потребни многу чекори за да се запре војната и иако позициите на Москва и Киев се уште биле многу далеку, неговата посета е првиот чекор кон обновување на дијалогот.