„Во изминатите два месеци, ситуацијата во Либија доста брзо се влоши во однос на политичката, економската и безбедносната стабилност“, рече Стефани Кури, која е привремена шефица на политичката мисија на ОН во Либија.
Според неа, едностраните акции на либиските политички и безбедносни актери ги зголемија тензиите, дополнително ги зајакнаа институционалните и политичките поделби и ги комплицираа напорите за политичко решение преку преговори.
„Во отсуство на нови политички разговори кои водат до обединета влада и избори, гледате каде оди ова: поголема политичка, финансиска и безбедносна нестабилност, вкоренети политички и територијални поделби и поголема национална и регионална нестабилност“, предупреди Кури.
Од смртта на Моамер Гадафи во 2011 година, со Либија управуваат две ривалски влади - Владата на национално единство на Абделхамид Дбеиба во западниот дел на Либија, која е призната од ОН, и другата на исток, која е поддржана од mаршал Калифа Хафтар./МИА