На мрежите кружи видео на кое гледаме оштетен автомобил, додека во дупката завршиле и двајца несреќни мотоциклисти.
На местото на инцидентот се собрале голем број минувачи, а некој донел дрвена скала, па луѓето успеале да излезат на безбедно, пренесува Times Now News.
Двајца мажи се повредени и веднаш се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош.
Инцидентот целосно го запре сообраќајот, предизвикувајќи колапс во вториот по големина град во Пакистан.
Инаку, не е прв пат да се појави огромна дупка на истата локација. Минатата година „проголта“ автомобил во кој беа повредени три лица.
„Овој пат стана опасен за возачите. Дупките може да се појават во секое време. Животите се во опасност“, изјави еден од сведоците на инцидентот.
Локалната власт тврди дека за сѐ е виновна фекалната канализација што го дроби земјиштето, а гневните граѓани бараат да се реши проблемот.