Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Објавени се имињата на мажите, кои ги најмил Французин за да му ја силуваат жената

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пеликот често снимал вакви сцени, а во последниве недели се појавија признанијата на обвинетите за ова грозоморно злосторство.

Сега се објавени идентитетите и занимањата на криминалците, пренесува францускиот медиум NZ Herald.

Меѓу нив се мотоциклистот Хјуг Малаго (39), земјоделскиот работник Енди Родригез (37), Матје Дартус (53), пензионираниот пожарникар Жак Кубо, ИТ работникот Лионел Родригез (44), сликарот Хусаметин Доган (43) и Тиери Парисис (54), локален бизнисмен.

Седумте се дел од пошироката група од околу 50 мажи кои биле регрутирани преку Интернет повеќе од една деценија од Доминик Пеликот, пензиониран електричар сега познат како „Чудовиштето од Авињон“, кој ги поканувал во својот дом за да ја силуваат сопругата, откако ја онесвестувал со силни седативи.

Некои обвинети тврдат дека Пеликот ги измамил кога ги убедувал да ја силуваат Жизел, но тој при признанието потврдил дека бил силувач, но дека и сите други соучесници биле силувачи како него.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ