Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 43 загинати во ураганот „Хелена“, што пустоши низ делови на САД (ВИДЕО)

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од вчера вечерта, официјалниот број на загинати се искачи на 43, но властите стравуваат дека ќе бидат откриени уште тела низ неколку држави.

Како ураган од четврта категорија, Хелена вчера во 23 часот по локално време ја погоди Флорида и остави зад себе хаотичен пејзаж од превртени бродови во пристаништата, соборени дрвја, заглавени автомобили и поплавени улици. Хелена стигна до Флорида со ветрови од 225 километри на час.

Хелена потоа ослабе до посттропски циклон, со опасни по живот бури, ветрови и обилни дождови, објави NHC. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави во неколку окрузи во Џорџија, Јужна Каролина и Северна Каролина.

Поплавите се толку обилни што ги загрозуваат браните кои би можеле да попуштат, а се стравува дека би можеле да бидат поплавени цели градови. Во округот Пинелас во Флорида, недалеку од Тампа, шерифот Боб Гуалтиери рече дека никогаш порано не видел такво уништување и ја опиша сцената како воена зона.

Најмалку 3,5 милиони луѓе во пет држави сè уште се без струја, а властите најавија дека би можело да потрае и до пет дена пред да се врати струјата.

Научниците тврдат дека климатските промени предизвикуваат сѐ помоќни и погубни урагани. Полицијата и пожарникарите досега извршиле илјадници спасувачки операции. Повеќе од 50 луѓе беа спасени од покривот на болница во близина на Ноксвил, Тенеси. Обемот на штетата во Флорида е огромен и штотуку почнува да се појавува.

Властите ги повикаа луѓето чии домови биле на патот на Хелена да се евакуираат, а директорот на Националниот центар за урагани Мајкл Бренан предупреди дека бурата „не може да се преживее“.

Канцеларијата на шерифот на округот Тејлор објави на социјалните мрежи дека жителите кои не сакаат да се евакуираат треба да ги напишат своите имиња и датуми на раѓање на рацете со неизбришливи маркери „за да можете да бидете идентификувани и да го известите семејството“. Некои жители не сакале да одат на безбедно.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ