Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

На словачкиот премиер Роберт Фицо му испратиле писмо со куршум, започната е истрага

25 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.

Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата се уште се занимава со неа.

Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ