Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Милионер тајно ја снимал дадилката на неговите деца- ќе ѝ плати отштета од 3 милиони долари

24 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кели Андраде, која е родена во Колумбија, живеела со Мајкл Еспосито (35) и неговото семејство во нивниот луксузен дом на Стејтен Ајленд, Њујорк, објави Фокс Њуз.

Според тужбата, која била поднесена пред федералниот суд во Бруклин, Еспосито се обидел да упадне во нејзината соба откако таа ја открила скриената камера.

Тој бил приведен во 2021 година под сомнение за незаконско следење, кривично дело казниво со максимална казна од четири години затвор. Но, тој бил пуштен на условен отпуст со обврска за советување.

Сега судијата на Менхетен одлучи дека мора да ѝ плати отштета од огромни 2,78 милиони долари.

Кели работела за него и неговата сопруга Даниела, а додека нивната куќа се реновирала, семејството живеело во куќата на родителите на Даниела.

Кели добила соба за спиење додека се грижела за нивните четири мали деца.

Меѓутоа, кога го видела Еспозито како почесто од очекуваното го поставува детекторот за чад во нејзината соба, се посомневала дека нешто не е во ред. Три недели откако се вселила во таа соба, ја пронашла скриената камера.

Според тужбата, скриената камера снимила стотици снимки на кои е полугола или целосно гола.

Андраде рече дека била фокусирана на опоравување од судењето бидејќи морала повторно да ги доживее моментите што се обидувала да ги заборави.

Колумбијката, која живее во Њу Џерси со својот сопруг, рече дека зборува за да ги охрабри другите дадилки и имигранти кои биле „жртви на злоупотреба“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ