Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Масовна тепачка на туристи во Прага- еден е убиен по удар со шише

25 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Даи Ричард од Маунтин Еш, Велс, во саботата бил на ноќно излегување во чешкиот главен град. Полицијата соопшти дека Ричардс добил удар во главата и потоа бил пренесен во болница, каде што починал истата вечер.

Во врска со смртта е уапсен 26-годишен маж. Полицијата соопшти дека дошло до судир на авенијата Народи треда меѓу две групи туристи кои најпрвин мирно разговарале, пишува Би-би-си.

Фудбалскиот клуб АФЦ Аберсинон од Велс соопшти дека светот изгубил добар човек, татко, син и брат. „Ова е загуба за сите нас“, истакнаа тие.

Британскиот Форин Офис потврди дека е достапен за семејството на жртвата. Веќе е започната акција за собирање средства за финансиска помош.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ