Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Масовна евакуација од Либан- над 50.000 пребегнале во Сирија

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Повеќе од 50.000 Либанци и Сиријци кои живеат во Либан ја преминаа границата во Сирија за да ги избегнат израелските воздушни напади“, напиша Филипо Гранди на X, додавајќи дека „над 200.000 луѓе во моментов се раселени во Либан“.

Портпаролот на УНХЦР рече дека вкупниот број на раселени лица во Либан достигнал 211.319, а од тој број, 118.000 избегале откако Израел значително ги зголемил воздушните напади во понеделникот. „Операциите за помош се во тек, особено помошта од членовите на УНХЦР. Се обидуваме да им пружиме помош на сите оние на кои им е потребна и тоа го правиме во координација со властите“, рече Гранди.

Жителите почнале да бегаат откако Хезболах во Либан отворил фронт против Израел на почетокот на војната во Газа. Почетокот на конфликтот беше поттикнат од нападот врз Израел од страна на палестинскиот сојузник Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел тврди дека спроведува акции со цел да го запре огнот на Хезболах кон северниот дел на неговата територија, кој граничи со јужен Либан, и со тоа да овозможи враќање на десетици илјади жители кои беа принудени да избегаат.

Од понеделник, повеќе од 700 луѓе се убиени во израелските бомбардирања. Според податоците на либанското Министерство за здравство, повеќето од нив се цивили. За само една година, бројот на убиени се искачи на повеќе од 1.500, што е повеќе од бројот на загинати за време на 33-дневната војна меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ