„Во одбрана од оваа варварска воена машина, Украина е принудена да се бори со врзани раце. Зарем тоа не е апсурдно“, праша Кулеба на својот профил на Икс.
Тој додаде дека Русија денеска истрелала севернокорејски ракети кон Киев и ги повика азиските партнери да го разгледаат зголемување на воената помош за Украина./МИА