Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кремљ: Експлозиите на пејџери во Либан може да поттикне поширок регионален конфликт

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Илјадници пејџери вчера беа детонирани во нападот низ Либан, при што загинаа 12 лица, а ранети се речиси 3.000, вклучително и борци на Хезболах и иранскиот амбасадор во Бејрут.

Висок либански безбедносен извор и друг извор за британските медиуми изјавија дека израелската разузнавачка служба Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од либанската група Хезболах неколку месеци пред детонациите.

Тајванската компанија, чии пејџери се во прашање, објави дека нема никаква врска со нив и дека за нив е одговорна компанијата со седиште во Унгарија, која има право да го користи нивниот бренд во производството на пејџери.

-Тоа што се случи, што и да беше, секако води до ескалација на тензиите. Самиот регион (Блискиот Исток) е во експлозивна состојба, и секако инцидент како овој, кој било од нив, има потенцијал да биде поттик за ситуацијата да излезе од контрола, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, сметаме дека треба да се спроведе детална истрага за овој инцидент, да се утврдат причините и околностите за тоа што се случи и, се разбира, да се идентификуваат одговорните за овие масовни експлозии на комуникациска опрема“, рече тој.

Песков нагласи дека наодите од таквата истрага ќе им овозможат на експертите да го елиминираат ризикот нешто слично да се случи во Русија или на друго место.

Руското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека нападот бил дел од хибридната војна против Либан во која загинаа илјадници невини луѓе.

-Се чини дека организаторите на овој високотехнолошки напад намерно сакале да поттикнат вооружен конфликт од големи размери за да предизвикаат поширока војна на Блискиот Исток, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ