Италијанката Иларија Салис, на која ѝ се суди во Унгарија за наводен напад врз неонацисти, денеска беше ослободена од домашен притвор откако ѝ беше доделен имунитет по влегувањето на нејзината партија Зелени и левичарски сојуз (АВС) во Европскиот парламент (ЕП).
Полицијата на оваа 39-годишна учителка во основно училиште ѝ ја отстранила електронската наноознака, откако била во затвор повеќе од една година, а пред околу еден месец ѝ е изречена мерка куќен притвор, пишува АНСА.
Сега се очекува Салис да се врати во Италија откако нејзините адвокати побараа нејзино ослободување, веднаш по изборите за ЕП кои завршија во неделата.
„Имавме избрани шест пратеници, а меѓу нив е и Иларија Салис. Сега ја сакаме Иларија овде во Италија, слободна и со имунитет, подготвена да го исполни својот мандат“, рече еден од лидерите на АВС, Никола Фратојани.