Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Гутереш: Многу сум загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах

21 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е многу загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах и дека мировните сили на ОН работат на смирување на ситуацијата и спречување на погрешни потези.

„Еден непромислен потег, една погрешна проценка, може да предизвика катастрофа што ги надминува границите, искрено, ја надминува имагинацијата“, им рече Гутереш на новинарите.

Тој посочи дека луѓето од регионот и луѓето во светот не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ