Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Глобална акција против шифрираната мрежа Ghost, десетици уапсени

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мозокот на операцијата е 32-годишен жител на Нов Јужен Велс, кој е обвинет за создавање на платформата.

Акцијата е резултат на меѓународна соработка помеѓу девет земји, вклучително и EUROPOL, и се очекуваат уште апсења во наредните денови.

Полициски операции се во тек и во други земји, вклучувајќи ги Ирска, Италија, Шведска и Канада.

Според австралиските обвинители, сторителите ја користеле апликацијата за „шверц на недозволени дроги, перење пари, нарачување убиства или закани за сериозно насилство“. Станува збор за банди и организирани криминални групи на Блискиот Исток, Австралија и Јужна Кореја.

Во операцијата, властите таргетираа шифрирана комуникациска платформа која била создадена пред девет години. „Полициите од девет земји, заедно со Европол, демонтираа алатка за сериозен организиран криминал“, рече шефицата на Европол, Кетрин Де Боле. „Направената работа е дел од нашата постојана заложба за борба против организираниот криминал каде и да дејствува“, додаде Де Боле. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ