„Замрзнувањето на конфликтот денес, со странски воени трупи кои ја окупираат украинската земја, не е решение. Тоа е рецепт за идни војни. Наместо тоа, неопходно е да се поддржи сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина. Оној што го враќа суверенитето и територијалниот интегритет на Украина“, рече Фон дер Лајен, пренесе Ројтерс.
Самитот на кој присуствуваа околу 100 делегации почна без францускиот претседател Емануел Макрон, кој доцни.